Дијамантот Sewelo откриен во април 2019 година во рудник во Боцвана е вториот најголем дијамант во светот со 1,758 карати. Првото место го држи Cullinan дијамантот со 3,106 карати кој што беше откриен во Јужна Африка во 1905 година беше поделен на два помали дијаманти и ставени во британската круна. Новиот сопственик на овој дијамант е Луј Витон, кој што за сега не откриваат информации за која цена го купиле. Општо познато е дека Луј Витон полека но сигурно се насочува кон накитот, особено откако во јавноста излегоа кампањи со актерката Софи Тернер и Мишел Вилијамс. Sewelo дијамантот ќе биде наскоро обработен и искористен во колекцијата на накит на Луј Витон.
Следетене на