Ако не сте сигурни во изборот на шминка и често се двоумите што да нанесете на вашето лице, тогаш зошто да не пробате да се шминкате според вашиот хороскопски знак? За тие што веруваат во астрологијата, знаат дека голем број на одредени карактерни особини им се заеднички на тие со ист хороскопски знак, па затоа понекогаш се чини дека одреден хороскопски знак има одредена омилена боја, начин на изразување, па дури и физички карактеристики. Тоа важи и за типот на шминка кој што сакаат да го користат.

 

Овен

woman wearing makeup while holding sliced pomegranate fruit

Овните се познати по нивната страственост и тоа што сакаат да доминираат со својот изглед. Користете смели бои при шминкањето, посебно во пределот кај устата, па затоа кармини со силна боја се секогаш препорачани.

 

Бик

woman in gray sweater

Тврдоглави и упорни, но сепак на изглед навистина нежни, за жените кои што се родени во хороскопскиот знак бик им препорачуваме женствени бои како праска боја или светло розова. Нанесете малку руменило на образите и сјај за уста и вашиот целосен изглед е готов!

 

Близнаци

woman wearing black corded headphones

За близнаците кои што секогаш се двоумат што да користат, препорачуваме разни бои, поготово во пределот кај очите. Експериментирајте со различни нијанси на сенки, па дури и целосно различни бои.

 

Рак

woman holding window curtain

Удобноста кога станува збор за жените со хороскопски знак рак е секогаш на прво место, па затоа можете секогаш да користите маскара за да ги истакнете очите или црно моливче.

 

Лав

woman with bouquet of pink and yellow tulips

Лавовите се смели и забавни личности и секогаш се истакнуваат во група на луѓе. Користете хајлајтери за да го истакнете вашето лице и шминка во светли бои.

 

Девица

woman wears gold-colored necklace

Мистериозните девици сакаат да се истакнуваат на еден пасивен начин, па затоа најмногу им одговараат земјени тонови на бои. Користете зелена, кафена или златна сенка за очи за да го надополнат вашиот сензуален изглед.

 

Вага

woman wearing black scoop-neck top

Класичен црвен кармин со минималистичка шминка се секогаш одличен избор за вагите, посебно затоа што овој начин на шминкање совршено се вклопува со нивниот динамичен карактер.

 

Скорпија

focus photography of blonde woman with feather earring

Сензуални и типични заводнички, жените скорпии се познати по очите кои хипнотизираат па затоа е секогаш добро да користите smokey начин на шминкање на очите.

 

Стрелец

woman and man near white wall

На прв поглед суптилни, но секогаш упорни во својата цел, жените стрелци на еден пасивен начин доминираат со околината. Тонови во боја на праска се секогаш одличен избор за нив.

 

Јарец

brown and black haired woman

Жените јарци ако сакаат изгледот да го поврзат со нивниот карактер, тогаш треба да користат смели тонови кои што се нетипични за секојдневието.

 

Водолија

woman with glitters on her body

За овој хороскопски знак никогаш нема правила во шминкањето. Денес може да користи неутрална шминка, додека пак утре да експериментира со различни бои, па затоа водолиите се шминкаат во зависност од нивното расположение. Ако немате конкретна инспирација, тогаш сјај за усни со светки е секогаш одличен избор.

 

Риба

shallow focus photography of woman outdoor during day

Рибите се по природа доста романтични и имаат тенденција да фантазираат, па затоа понекогаш е добро за нив и да ја прескокнат шминката целосно. Ако сепак сакаат да се нашминкаат, тогаш секогаш ќе одберат минималистичка шминка за да одговара на нивниот карактер.