Деновиве се повеќе се зборува за најновиот пар во Холивуд – Кијану Ривс и Александра Грант, особено откако парот се појави во јавност држејќи се за раце на арт гала во Лос Анџелес. Ова предизвика бура на реакции и коментари, најмногу насочени кон Грант за нејзиниот изглед нарекуван „како баба“. Но зошто јавноста толку се возбуди заради нејзиниот изглед? Можеби е заради фактот што сме навикнати да гледаме постари актери како Ривс (55 год.) во придружба на драстично помлади девојќи, додека пак Александра Грант, не само што е блиску до неговата возраст (46 год.), туку и го негува природниот изглед и стил. Но, која е Александра Грант и како успеала да го освои срцето на еден од најосамените ергени во Холивуд кој важи за човек кој си ја сака приватноста?
Александра Грант е родена во 1973 година во Охајо и е визуелен уметник чии дела се темелат на лингвистичката теорија. Живее, како и актерот, во Лос Анџелес и со Ривс се запознава дури во 2009 година, каде што прво стануваат пријатели и почнуваат една заедничка соработка за книгата Ode to Happiness. Во ноември 2019 година веќе е официјално потврдено дека се заедно.
Кијану Ривс се заљубува во неа откако ќе му помогне да се избори со долгогодишната депресија по смртта на неговото бебе во 1999 година и смртта на неговата девојка Џенифер Сајм во далечната 2001 година. Овие две трагедии целосно го менуваат и го тераат да води еден скромен живот. Познат е по тоа што најголем дел од заработените пари ги донира за добротворни цели, не троши пари на екстравагантни луксузи, нема телохранители и дури се уште се вози со метро. Па токму затоа, не е ни чудно, што не може да одолее на шармот на оваа скромна и емотивна уметница.
Нажалост, најголем дел од коментарите за овој „новопечен“ пар не се насочени кон фактот што Ривс кога е со Грант ја има најголемата насмевка на своето лице, туку на тоа како таа изгледа, дека се облекува скромно, користи многу малку шминка, косата и е природна, односно не се фарба и дека лицето и ги покажува годините. Но тоа не ги спречува да се заљубени повеќе од било кога и да уживаат во заедничкото присуство.
Вие што мислите за овој пар? Дали е тоа вистинското за Кијану Ривс, или како и најголемиот дел од Холивудските парови ќе заврши со болна разделба?
Следетене на