Младата дизајнерка Ана Трошич Трајкович неодамна ја пласираше својата модна колекција од рециклирани материјали. Нејзините креации се изработени од стари завеси, чаршави за маси, драпери. Оваа креаторка идеално го комбинира старинскиот вез и модерниот изглед.

Нејзината ревија под наслов „Bite this“, предизвикала воодушевување кај учениците на 46тата по ред Perwool Fashion Week.

Освен споменативе материјали, оваа креаторка користела и фустани од афричкото племе Масаи, јапонски кимона, хемиски исчистени и украсени со накит од 19тиот и 20титот век кој го собирала со години при различни патувања

Авторката направила прекрасна комбинација на модерното и античкото, современата култура и древната цивилизација. Многу е важна нејзината порака – таа го критикува хиперконзумизмот, односно претераното трупање на гардероба во плакарите и целото тоа повторување на истите модели во светот на модата.

Целата ревија може да ја погледнете на следниов линк: