Семејството Ражнатовиќ навистина не штеди кога станува збор за свадби и прослави. Овој пат Цеца за својот син Вељко и неговата веќе сопруга Богдана, се потруди да помине се во најдобар ред и да се испочитуваат сите српски обичаи. Таа потроши неверојатни 120,000 евра за овој посебен ден, но кога ќе се земе во предвид дека прославата се одвиваше во елитниот хотел „Хајат“ во Белград и дека од парите кои што се ставаа на музикантите немаше под 100 евра, оваа цифра и не е далеку од реалноста. Богдана успеа да се промени дури три венчаници, од кои првата венчаница е истата онаа која што ја носеше самата Цеца на својата свадба со Аркан, додека другите два беа по 5,000 и 10,000 евра! На свадбата присуствуваа повеќе од 500 гости, а цената за вкупните декорации од семејните домови на двете страни, па се до луксузните автомобили беа по неверојатна цена од 30,000 евра. Но овие пари се ништо во споредба со тоа колку „заработија“ младите. Според официјални извори се тврди дека Вељко и Богдана имаат помеѓу 300,000 и 350,000 евра, со оглед на тоа дека во пликоата кои што ги добиваа од гостите немаше под 200 евра, а имало и некои со по дури 2,000 евра! На инстаграм веќе неколку дена кружат слики од свадбата на деценијата, како што ја нарекуваат српските портали.
Следетене на