Многу често се случува да немаме доволно време да ја средуваме косата, а од друга страна сакаме да изгледаме убаво. Што е многу важно? Некои од ѕвездите ја вратија оваа фризура во мода малку поелегантна и пософистицирана. Погледнете ги следниве предлози, па имајте тренди фризура за празниците.
Теса Томпсон со нежно ,,bubble“ опавче кое е креација на стилстката Лејси Редвеј. Најголема предност е што може да го направите и сами дома. Земете украсна лента, исечете ја на ленти и врзете го опавчето рамномерно.
Кери Вашингтон на фестивалот Кени Лајонс 2019 година изгледаше феноменално.
Едноставна, но софистицирана фризура, идеална за секојдневни прошетки, но и за вечерни излегувања.
Дело на стилистот Даун Риџард, а омбре изработката е на познатата фризерка Моира Фингаз Фрациер.
Ариана Гранде а е позната по ,,коњското опавче“, меѓутоа украсено со лукс шнола му дава посебен гламур.
Оваа фризура на Џенифер Лопез ја достигнува високата скала на совршенство.
Едноставна златна шнола за дополнителен сјај.
Елеганција и совршенство.
Идеален Барби изглед.
За вашите вечерни излегувања, врзете ја косата со неколку златни стегачиња, ленти, жица… За секојдневн изглед користете црни стегачиња за коса.
Следетене на