Ако сакате оваа година Денот на вљубените да го направите посебен и да му подарите на партнерот нешто различно и уникатно, тогаш овие идеи се за вас.

 

Персонализирана чаша или шолја за кафе

Оваа чаша или шолја за кафе можете да порачате да ви ја изработат со некоја ваша заедничка фотографија, нешто што знаете дека сигурно ќе му се допадне на партнерот или некоја хумористична порака.

 

Албум со ваши заеднички слики

Можеби звучи како клише, но овој тип на подарок е нешто што никогаш не излегува од мода. Одберете неколку заеднички фотографии со партнерот, испринтајте ги и залепете ги во тетратка со краток опис под секоја од нив. Ако сте навистина креативни и мислите дека ќе имате доволно време, можете и да го направите албумот тематски.

 

Храна со порака

Наместо да трошите доста време во подготвување на романтична вечера, замолете некоја локална пицерија да ви направи пица во форма на срце, или порачајте кутија со крофни и напишете некоја креативна порака. Идеите се неограничени и можете секогаш да се инспирирате на некои од блоговите на интернет.

 

Персонализирана блуза со куси ракави

Наместо на чаша или на шолја, можете истото да го направите и на блуза со куси ракави.

 

Подарок составен од помали подароци

Купете една голема кутија или корпа, украсете ја и наполнета ја со омилените работи на партнерот. Тоа може да биде неговиот омилен алкохолен пијалок, бомбони или колачиња, заеднички слики, омилениот парфем или дезодоранс и слично.