Личниот раст и целокупен развој е вистински креативен процес низ кои поминуваме во нашиот живот. Преку него ние ги остваруваме нашите потенцијали. Преку тренингот за личниот раст и развој ги истражуваме и испитуваме најважните животни сфери како што се емотивната, професионалната, социјалната. Ја јакнеме нашата самодоверба, се обидуваме да се ,,разбереме“ подобро, да ги совладаме животните фрустрации и да откриеме во која сфера сме помалку успешни и се охрабруваме да го промениме тоа.

Еден од главните одлики и квалитети кај луѓето е самосвесноста. За да можеме да се соочиме со нашите слабости, да ги откриеме причините поради кои се појавуваат, да работиме на нивно подобрување. Од друга страна и нивото на мотивираност е многу важно и е еден од најважните фактори за личен успех и почеток на развојот. Во склоп на ова ние го откривме клубот ,,Ко-креатори“ кој е наменет за едукација, мотивација и личен развој кој е составен од обучени тренери кои несебично се залагаат.

Бидејќи кај нас ова прашање сеуште е табу тема и голем број на луѓе не се запознаени со начинот на функционирање на клубовите и тренерите за личен раст и развој, оваа статија ја посветивме за да Ве запознаеме со начинот на кој функционира системот за мотивација и како да го подобрите квалитетот на животот. Style.mk разговараше со Сања Манчева, еден од тренерите за личен развој.

Image may contain: 1 person, tree and outdoor, text that says 'да седнеме сами co себе, да најдеме време за запознаваье и да надоместиме за сите одминати години. @klubkokreatori'

Style.mk: Koja e Вашата функција?

– ,,Функцијата како и самите ние расте и се менува. Во 2015 година беше само желба за споделување на лични приказни, надминување на предизвици и можеби инспирирање и мотивирање на некој на кого тоа му е потребно. Во 2017 започна да добива форма на кариера. Следната година четири различни искуства и замисли се сретнаа на една животна раскрсница, на која се одлучивме за заедничко креирање.Секој во „Ко-Креатори“ работи по различни програми и за свој индивидуален бренд, кон една заедничка цел  – да се свртиме кон себеси со развиена свест за личен развој.“

Style.mk: Да им објасниме на читателите што значи тренер за личен развој?

– ,,Личен развој е процес на подобрување на самите себе преку свесни навики и активности. Тренер за личен развој е личност која го води процесот на промени и помага да се постигнат специфични цели преку надминување на пречките за раст.“

Еден од најголемите приоритети на „Ко-Креатори“ е токму тоа, доближување на оваа професија до луѓето.

Image may contain: 1 person, text that says 'лидерите не размислуваат како некого да го контролираат, ограничуваат или управуваат. тие co пример го трасираат патот напред и ги мотивираат останатите да ги поддржат, пронаогајки си пат. @klubkokreatori'

Style.mk: Која е Вашата визија и Вашето мото под кое функционирате?

„Креираме живот свесно!“ – е нашето мото според кое живееме. Ова мото означува свесност. Знаеме дека имаме одговорност за изборот на изразување на нашите чувства, искажување на мислите и начинот на однесување. Можеби не можеме да одлучиме што ќе се случи во даден момент и како другите ќе се однесуваат кон нас, но секогаш може да кокреираме со одржување свесност за себе во тој момент. Што ја создава и нашата визија – Најголема заедница на активни луѓе кои свесно се фокусираат на личниот развој.

Style.mk: Успешен проект на кој сте посебно горди…

,,- За ова нема да зборувам во име на другите, верувам дека секој има свој омилен проект. Јас секој ден се гордеам на напредокот кој го постигнуваме, индивидуално и заеднички. Со креативни идеи, отворена комуникација, поддршка, верба и  многу љубов вредно даваме чекори. Како социјално претпријатиего имаме најголемиот и најзначаен проект, да се овозможи активна инклузија на деца од еднородителски семејства и жени жртви од семејно насилство. Од секоја уплата на нашата сметка за дадените услуги, издвојуваме 10% за создавање на систем за поддршка.“

Image may contain: 1 person, outdoor, text that says 'URBAN малку e потребно за да биде магично, да ja препознаваме големината на малите нешта.'

Style.mk: По кој принцип се води Вашата програма?

-,,Обезбедуваме услуги со програми за личен развој на поединци и тимови.

Нудиме: индивидуални коучинг сесии, во живо и онлајн; курсеви за групни работилници; изработка на NBI профил (испитување на преференците на размислување) и извештај со конкретни насоки; тим билдинг обуки; и едукативни/мотивациски настани.

Индивидуалните програми се поврзуваат со меѓусебна соработка, во зависност од потребата на клиентот.Имаме програми за јавен настап, јавно говорење, самодоверба, комуникација, љубов кон себе, фокус, однос педагог – дете – родител итн“.

Style.mk: Цели и планови за во иднина?

-„Најголема цел е развивање на социјално претпријатие. Тоа може да го постигнеме со што повеќе давање услуги. Затоа целосно сме ориентирани кон нашите клиенти, моментално сме фокусирани и на проширување, од март со канцеларија и во Штип, допирање до повеќе луѓе и остварување на нашата мисија.“

Style.mk: Што ќе им препорачате на нашите читатели?

-„Запознајте се самите. Запознавањето на другите е интересно, но запознавањето на себе е непроценливо. Направете го тоа без осуда, прифатете и сакајте го секое делче од себе. Постои разлика помеѓу борба со моментот и стремеж кон раст. Растеме кога го прифаќаме сегашниот момент и се фокусираме на личниот развој. Така сè се менува околу нас.“

Останете свесни и посветете се на себекреирањето.

                                                                                                        Интервју со Сања Манчева еден од еден од тренерите за личен развој во „Ко-Креатори“

Секогаш отворени за комуникација

http://fb.me/KlubKoKreatori

https://www.instagram.com/klubkokreatori/

klubkokreatori@gmail.com