Американскиот шеф Доминик Ансел е човекот кој што го измисли ова јадење и го патентираше во 2013 година по кој сите од Њујорк полудеа и стана светски признат рецепт. Станува збор за комбинација помеѓу кроасан и крофна кое што го доби името кронат, изведено од комбинацијата на овие два збора од англискиот јазик – croissant и doughnut. Оригиналниот рецепт за оваа закуска се прави од тесто кое се користи за подготвување на кроасани, се полни со крем и се пржи во масло од грозје. 

doughnuts topped with chocolate and peanuts selective focus photography

На 10-ти мај во 2013 година Доминик откако го создаде ова пециво, беше пуштено во продажба во неговата пекара Dominique Ansel Bakery и истата вечер еден блогер од Grub Street – онлајн блогот за ресторани во Њујорк пишувал за овој најнов изум и за кратко време кронат-от доби светска популарност. За кратко време Ансел го патентираше пецивото и во 2015 го објави рецептот во својата книга за готвење. 

Cronuts, Donut, Sugar, Dessert

Постојат разни рецепти кои што можете да ги најдете на интернет, но тоа што треба да знаете е дека за ова пециво ви е потребно дури 3 дена да го направите токму заради специфичното тесто.