Легендарниот глумец препознатлив по својата главна улога во филмот Спартакус во 1960 година, Кирк Даглас, почина вчера на 06.02.2020 година на неверојатни 103 години. Роден во сиромашно семејство како Исур Даниелович во семејство на еврејски имигранти во денешна Белорусија, тој го менува своето име во Кирк Даглас пред да се пресели во Америка за време на Втората светска војна. Тоа што е интересно за него е начин на кој што го опишуваат неговите колеги како човек со тежок карактер наведувајќи го неговиот татко алкохоличар како причина за неговото агресивно однесување, па сепак луѓето го обожаваа особено поради неговата беспрекорна дисциплина во работата и смислата за хумор.
На својот инстаграм профил, неговиот син Мајкл Даглас ја објави веста со емотивна порака посветена на неговиот татко велејќи:
„Со огромна така јас и моите браќа објавуваме дека Кирк Даглас не напушти денес на возраст од 103 години. За светот тој беше легенда, глумец од златната доба на филмовите кој живееше добро во неговите златни години, хуманитарец чија што посветеност кон правдата и целите во кои што веруваше поставија стандард кон кој што треба да се стремиме.
Но за мене и моите браќа Џоел и Питер тој беше едноставно Тато, за Кетрин, прекрасен свекор, за неговите внуци и правнуци, нивниот сакан дедо, и за неговата сопруга Ана, прекрасен сопруг.
Животот на Кирк беше живеан добро, ни остави наследство во филмовите кои што ќе опстојува за наредните генерации, и историја како реномиран филантроп кој што работеше на тоа да и помогне на јавноста и да донесе мир на планетата.
Дозволете ми да завршам со зборовите кои што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои што засекогаш ќе останат точни. Тато – многу те сакам и сум горд што сум твој син. #KirkDouglas “
Следетене на