Познатиот француски луксузен бренд Louis Vitton се одлучи да ја прошири својата долга историја во уште една индустриска гранка. Од стилот сега се префрлија на гостопримството и вкусот, отварајќи го својот прв ресторан во Осаки, Јапонија.

Оваа истата локација беше наменета за нов луксузен бутик, кога познатиот француски бренд, се премисли па го пренамени во луксузен ресторан, под името „Le Café V“. Се најавува мени кое ќе биде креирано од познатиот јапонски кувар Josuke Suga, а сите специјалитети ќе се приготвуваат во кујна од отворен тип. Ресторанот ќе содржи и бар како и огромна специјално дизајнирана тераса за уживање.

Louis Vuitton otvara svoj prvi restoran

Отварањето го најави и самиот Мишел Брук, кој потврди дека отварањето на ресторани и хотели веќе одамна е дел од неговиот план. Огромниот бутик на Луј Витон во Осаки е отворен на 1ви февруари, а спектакуларното отварање на ресторанот е најавено кон крајот на месецов.