Компанијата Лонли Планет, која преставува реномирана светска компанија за организирање туристички патувања, го објави својот список со топ 10 земји кои треба да се посетат во 2020 година.
Третото место го издвои за нашата држава која ја нарече како земја на архитектурата, археологијата, безгранични авантури и преубави изгрејсонца покрај езеро. Македонија ја опишуваат како мала земја пребогата со национално богатство.
На страната на Лонли Планет може да прочитате преубави зборови за Охридското езеро, националните паркови, за главниот град – Скопје и многу други места.
Листата е направена преку разговори со автори, уредници, туристички експери и влијателни луѓе, а содржи топ 10 земји , 10 региони и 10 градови кои треба да се посетат во 2020 година. На прво место се наоѓа Бутан, а на второ Англија.
На следниов линк може да прочитате повеќе https://www.lonelyplanet.com/macedonia
Следетене на