Познатата македонска моторџика Ана Марија Таневска на нејзиниот инстаграм профил ја откри врската со Никола Ѓорѓевиќ кој гласи за едно од најзгодните момчиња кое има учествувано во реалното шоу „Задруга 4“

Aна Марија и Никола се запознале летоска случајно преку нивен заеднички пријател, а по неколку неделно дружење започнале љубовна романса, пренесува извор близок до парот.

Никола зад себе има врска со Сања Вучиќ, која е дел од музичкото трио „Hurricane“ а раскинаа одамна.

Ана Марија на нејзиниот инстаграм профил сподели дел од романтичната вечера во една скопска кафеана со своето момче кое неделава дојде во Скопје специално само за неа.

Освен овие фотографии, она што го привлече вниманието е видеото каде што Ана Марија доби подарокот од нејзиното момче.

 

Никола исто така е и голем обожавател на мотори па заедно со моторот на Ана Марија се провозија низ скопските улици