Доколку сакате да започнете да водите грижа за своето тело преку вежбање, но се уште се двоумите помеѓу класичните вежби, тогаш ние ви препорачуваме еден поинаков начин на вежбање кој може да биде навистина доста забавен и интересен за вас и за луѓето околу вас.

 

Аериал јога

Овој тип на јога се има појавено во 2014 година и претставува комбинација на класичната јога, пилатес и танцување со помош на мрежа за лежење.

 

Играње на шипка

Ова може да биде еден вид на предизвик особено за срамежливите жени затоа што наликува на стриптиз танцување, но е многу потешко откоку што изгледа и е навистина одлична вежба за вашето тело.

 

Зумба

Ако сакате да комбинирате вежбање со танцување, тогаш ви ја препорачуваме зумбата која го започнала својот подем во 90-тите години во Колумбија. Зумбата се практикува најчесто на 4 типови на музика: salsa, reggaeton, merengue & cumbia.