Овој колумбиски пејач е роден на 28 јануари 1994 година и за многу кратко време се стекна со светска слава благодарение на неговиот шарм, необичен стил и одличен глас. Јавноста го препознава по дуетот што го направи со Шакира – Chantaje, Que Pena, Hola Senorita и уште многу други.

   

Хуан Луис Лондоњо Аријас својот интерес кон музиката го покажува уште од рана возраст на само 16 години. Неговиот прв албум Magia го објавува во 2012 година, но успева вистински да се пробие во 2015 година со неговиот албум Pretty Boy, Dirty Boy. 

     

Малума моментално не е во сериозна врска а со последната девојка, моделот со кубанско-хрватско потекло Наталија Барулиќ се разделија во 2019 година. Ова е одлична вест за сите негови обожавателки, особено што има закажан концерт во Солун на 13-ти март оваа година. Неговиот најнов хит Maldad кој беше направен во соработка со Стив Аоки беше објавен на youtube каналот само пред 3 дена.