Рицинусовото масло не само што ја подобрува текстурата на влакното туку таа добива и поздрав и посјаен изглед. Ова масло е густо, со златна боја и висока концентрација на витамин D како и рицинолеична киселина. Поради високата концентрација на горенаведената киселина, рицинусовото масло изобилува со анти-микробни и антиинфламаторни ефекти.
Ја навлажнува Вашата коса и скалпот. Рицинусното масло ја штити косата и пенетрира со бројни минерали и хранливи материи кои обезбедуваат долготрајна хидратација и исхрана на косата и скалпот. Ја обновува и регенерира оштетената коса, со помош на омега 9 масните киселини ја штити од сув скалп.
Начин на користење
Рицинусовото масло е густо и лепливо, па затоа користете го во мали количини. Пред нанесување косата мора да биде мокра. Многу е важно да го нанесете само на скаплот и на врвовите. По нанесување, покријте ја косата со капа за туширање или пластична ќеса. Потоа завиткајте ја во мека крпа и оставете ја два часа. Измијте ја косата. Да Ве потсетиме, не нанесувајте голема количина од маслото, бидејќи тогаш би требало да ја миете повеќе пати.
Рицинусовото масло може да го измешате со кокосово масло во еднакви количини, нанесете од смесата на косата и оставете ја еден час.
Повторувајте ја постапката два пати седмично.
Рицинусовото масло може да го користите и на сува коса, но во многу мали количини.
Следетене на