Компанијата Мател, која е позната по изработката на играчки, овој пат лансира нова серија на Барби кукли кои се тематски посветени на Олимпијадата која ќе се одржи летото во Токио. Предходната колекција на оваа американска компанија опфаќаше серија на Барби кукли витилиго и во инвалидска количка.
Олимпискиот асортиман Барби претставува пет спорта кои се за прв пат додадени во програмата а тоа се: безбол, карате, скејборд, спортско искачување и сурф. Секоја кукла вклучува пластичен златен медал, дуксер и потребна опрема за секој одреден спорт.
Серијата ќе биде пуштена во продажба во март оваа година.
Следетене на