Голем број од мажите се повеќе обожуваат да носат брада и страсно го негуваат овој стил. Меѓутоа жените кажаа ,,не“ за брада. Најновите истражувања покажале дека припадничките на понежниот пол повеќе сакаат мажи без брада. Тие одговориле дека овој тип на мажи делуваат поуредно, великодушно и повесело за разлика од мажите кои носат брада.

Ова истражување е поткрепено и со резултатите од ,,Форбсовото“ истражување со кое се добило резултат дека 98% од богатите мажи не носат брада. Богаташите така полесно го привлекуваат вниманието на дамите. „Сигурни сме дека постои некоја нераскинлива врска помеѓу богатството, добрата заработка и бричењето, истакнува Фобс, образложувајќи дека луѓето со брада која делува неуредно, може имаат почисто срце“.