Овој долгометражен филм во чија позадина стојат креативните умови на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, полека но сигурно се пробива на светската филмска сцена. Медена земја е влезена во потесниот список на филмови кои се натпреваруваат за Оскар. Наградата која оваа година за прв пат е воведена како категорија и тоа под името: Најдобар меѓународен долгометражен филм, порано беше позната како Најдобар филм на странски јазик. Номинациите ќе бидат објавени на 13 јануари, додека пак церемонијата за доделувањето на Оскарите ќе биде одржана на 09.02.2020 во Лос Анџелес.
Овој филм зборува за Атиџе, последната жена која одгледува диви пчели во Европа која живее сама со својата болна мајка во планините во централна Македонија. Кога едно семејство ќе се досели во близина на нејзината куќа, напнатоста започнува да расте, особено поради фактот што и тие сакаат да практикуваат пчеларство, но без да ги почитуваат нејзините совети.
Дали вие имавте можност да го гледате овој филм?
Следетене на