Во срцето на Скопје,поточно горе на старата тврдина Кале,  на само 300 метри од старата скопска чаршија, осамна  бутик хотелот и спа центар “Микаса”, изграден  во шпанско-марокански стил, “Микаса” ќе ве врати малку во времето наназад. Овие две измашани култури му даваат на амбиентот една посебна убавина, еден поинаков ориентално-урбан дух. Од големата тераса на хотелот, Скопје Ви е на дланка. Иако е само десетина минути одалачен од центарот на градскиот метеж, овде царува спокојот. Додека го пиете утринското кафе, приготвено на традиционален начин, во жешок песок, песната на птиците ќе Ви прави друштво.Од овде, погледот на планината Водно е бистар и ведар. До Микаса ке ве донесат шпаските  скалила, а ке ве дочекаат  ангелски крилја кој моментно се хит за фотографирање на Инстаграм. По неговото отворање, Скопјани побрзаа да го видат новото ремек дело на вештите мајстори, кои на Скопје му донесоа една поинаква урбана приказна. Вреди да го посетите Микаса, заради спокојот, заради погледот, заради турското кафе и љубезноста на домаќините. А колачите со оган, е тие се друга приказна…

Повеќе инфо на нивниот профил на Инстаграм @Micasaskopje,или на Facebook MiCasa Skopje