Познатата холивудска актерка која што најголем дел од нас ја препознаваат од филмот Петиот елемент, каде што глуми заедно со Брус Вилис, сподели албум од нејзината новородена ќерка на својот инстаграм профил. Откако нејзината 12 годишна ќерка без знаење на родителите споделила слика од својата сестричка и 44 годишната актерка го направи истото, шегувајќи се дека сликите се веќе стара вест.
Таа на својот профил напиша:
„Здраво на сите!!! Па без мое знаење @evergaboanderson се издаде за новото бебе вчера 🙄🤦🏻♀️😂 што го прави ова „стара вест“ но сепак, во 8:56 на 02/02/2020 нашето женско бебе Osian Lark Elliot Jovovich-Anderson беше родена! Osian е велшко име за момче и се изговара О-шин. Знам дека името е долго, но семејството не можеше да се согласи на средно име. Дури и мојата мајка сакаше да биде Ларк, @dashielanderson а јас сакав Елиот. Тогаш мојот сопруг Пол надополни со уште еден глас за Ларк, па Смуши и јас бевме надбројани 😛! Ако ништо друго барем има многу имиња од кои што може да избере подоцна во животот ако сака да се ослободи од некои. Таа е толку убава! Нејзината коса е понежна од останатите девојчиња и е доста силна. Нејзините мали рачиња го попречуваат патот и се тешки да се контролираат и веќе ја подигнува својата глава за да види што се случува! Таа е нашето чудо бебе и многу сме благодарни да ја имаме и сме целосно опседнати со неа!! Очигледно е дека ќе објавувам повеќе слики подоцна, но сите сме изморени затоа што последните неколку ноќи беа луди! Ви испраќам на сите многу љубов од облакот на кој што летам! Xoxo m❤️☁️✨⚡️⭐️💥☄️“
Следетене на