Германија оваа година ги промени стандардите за убавина, фокусирајќи се на „реални“ жени и за прв пат во историјата на избирање на мис, оваа година добитничка е 35 годишната Леони фон Хасе која е самохрана мајка. Тоа што е интересно како податок, е што исто така го исфрлија и типичниот бикини натпревар од категориите и ја поместија старосната граница за тие кои што сакаат да учествуваат помеѓу 18 и 39 години. Германците со отворени раце ги поканија сите жени без разлика на тоа дали се во брак, со деца или живеат во истополова заедница да учествуаат на овој натпревар, и со тој чекор позитивно го изненадија светот.
Фон Хасе има израснато на фарма во Калахари заедно со нејзините 3 сестри и родителите и по завршување на средното училиште, своето студирање го насочува кон медиумите и маркетингот. На војот официјален инстаграм профил изјави дека е возбудена заради оваа чест и им се заблагодари на жените кои што биле дел од овој избор.
Следетене на