Најголем дел од нас свесно или несвесно се убедени дека некои податоци за храната се точни и се држат до одредени правила на исхрана кои благодарение на истражувања во текот на годините се покажале апсолутно погрешни.

 

Белките од јајцето се поздрави од жолчките

sunny side up egg on frying pan

Ова е зачестено верување, особено кога станува збор за регулирање на холестеролот. Но тврдењето дека е подобро да ги јадете белките не е точно. Белките од јајцето не содржат некој посебен број на хранливи материи и затоа ќе се чувствувате гладни многу побрзо отколку да сте изеле едно целосно јајце. Холестеролот кој што го внесуваме преку храната не придонесува кон високиот холестерол во крвта. Жолчките од јајцето се полни со А, Д, Е, К, Б12, Б6, холин и селен и всушност јајцата немаат улога во предизвикување на срцеви болести или зголемување на ризикот од мозочен удар. И да не се лажеме, ако за ручек имаме леб, пржена сланина, алкохол, тогаш не-јадењето на жолчката нема магично да ни го подобри здравјето.

 

Пуканките приготвени во микробранова се здрава закуска

popcorns on clear glass bowl

Да, пуканките се одлична закуска за некој кој сака да ослаби затоа што се богати со растителни влакна и се нисколарични, но тоа не важи кога станува збор за пуканките кои што треба да ги приготвите во микробранова. Тој тип на пуканки се преработени, полни со содиум, натриум и маснотии и самата обвивка во која се пакуваат има диацетил. Оваа хемикалија дава одличен вкус на путер, но кога се загрева испушта голем број на токсини.

 

Безглутенските производи се поздрави

plate of cookies

Последниве неколку години безглутенската храна како начин на исхрана е доста популарна и голем број од луѓето преферираат да купуваат безглутенски производи без разлика на нивната цена. Меѓутоа, факт е дека најголем број од нас всушност и немаат потреба од исфрлање на глутенот. Луѓето кои имаат од целијакија или позната и како целијачна болест се интолерантни на глутенот, но доколку не патиме од оваа состојба, тогаш нашето тело знае како да го процесира глутенот. Всушност, најголем дел од производите кои што се без глутен се изработени од рафинирано брашно кое што нема доволно хранливи материи. И не треба да се залажуваме; тоа што ќе изедеме цело пакување на безглутенски колачиња, не значи дека здраво се храниме.

 

Медот содржи помалку калории од белиот шеќер

honey raspberry jars

Медот како производ е навистина здрав и секако ќе ви помогне во одржување на здравјето, но тоа не значи дека ако го користите како замена за шеќер ќе намалите во внесување на калории. Всушност, една кафена лажичка мед содржи многу повеќе калории од лажичка обичен шеќер.

 

Шеќерот предизвикува хиперактивност кај малите деца

child holding four food packs beside red wall

Се сеќавате кога родителите ни го ограничуваа јадењето на чоколади особено навечер за да не бидеме хиперактивни и да можеме да заспиеме полесно? Всушност, не биле во право. Голем број на истражувачи се обиделе да најдат некаква поврзаност помеѓу шеќерот и хиперактивноста, меѓутоа не успеале. Тоа е затоа што всушност и нема никаква поврзаност. Овој мит за прв пат се има појавено во 1974 година кога Д-р Вилијам Крук испратил писмо од Американската Академија на Педијатри, која подоцна го има објавено. Во писмото пишувал како станал свесен за поврзаноста на шеќерот со хиперактивноста. Но едно писмо не може да се спореди со голем број на валидни истражувања кои што го тврдат токму спротивното.

 

Мешањето на енергетски пијалок со алкохол ќе ве опијани побрзо

clear glass cus

Ова е погрешна претпоставка дека ако мешаме некаков енергетски пијалок со алкохол, многу побрзо ќе се опијаниме. Енергетскиот пијалок ни дава дополнителна енергија со што прави да се чуствуваме дека не сме во алкохолизирана состојба и заради тоа пиеме многу повеќе.

 

Кафениот шеќер е поздрав од белиот

Бојата на кафениот шеќер настанува заради еден леплив сируп наречен меласа, така да всушност се разликува само по бојата од обичниот шеќер. Да, меласата содржи состојки кои што се здрави за вас како магнезиум и калиум, но треба да користите голема количина на кафен шеќер за да внесете доволна количина од нив.

 

Дневно треба да внесуваме околу 2 литри вода

person filling white plastic cup with water

Внесувањето на доволно вода во нашиот организам е навистина важно, но тврдењето дека треба секој од нас дневно да испие околу 8 чаши вода, или 2 литри е бесмислено. Секој организам е приказна за себе и без разлика на тоа што постојат некои универзални правила за сите нас, во овој случај најдобро е да си го слушаме телото. Правилото вели – доколку сте жедни напијте се вода. Меѓутоа гледајте тоа да биде обична вода, а не некаква замена, како сокови или кафе.

 

Морковите ќе ви го подобрат видот

carrots on table

Овој мит за прв пат се има појавено некаде во периодот на Втората Светска Војна, каде што започнале да кружат гласини дека голем број од пилотите јаделе моркови за да го подобрат видот. Освен доколку немате голем недостаток на витамин А кој што е значен за вашите очи и нивното правилно функционирање, јадењето на голема количина на моркови нема да ви го подобри видот.

 

Портокалите и лимоните се најдобриот извор на витамин Ц

assorted sliced limes

Тоа што најголем дел од вас сигурно ќе ве изненади, е фактот дека лимоните и портокалите не се најголемиот и најдобар избор на витамин Ц. Всушност, пред нив се јагодите и кивито. Како за споредба, седум јаготки го содржат во себе препорачаниот дневен внес на витамин Ц во организмот и 100g јагоди содржат 57mg, додека пак 100g портокали содржат само 42mg витамин Ц.