Цвеклото спаѓа во групата на коренести зеленчуци кои содржат хранливи материии, влакна и антиоксиданси.

Цвеклото содржи геосмин, односно тоа е соединение кое може да го намирисаме надвор после дожд. Затоа овој зеленчук има „земјен“ вкус.

Поради овој вкус некои од нас не го конзумираат овој зеленчук како додаток во исхраната.

Цвеклото расте на пролет или во раната есен, односно преферира средни температури.

Цвеклото има неколку здравствени придобивки, како на пример содржи каротеноиди и нитрати, што помагаат во подобрување на крвната слика, мозочната функција и регулирање на крвниот притисок.

Поради тоа што содржи антиоксиданси и влакна, а особено се важни за здрава исхрана помагаат во намалување на холестеролот.Цвеклото може да се внесе во исхраната како во салати, пире, сок и смути.