Долго уште пред популарните Кардашијан сестри да го започнат трендот на жени со поголеми облини, во Холивуд најмногу беа барани слаби девојки заради кој голем дел од актерките барем еднаш во својот живот се бореа со анорексија или булимија. Твиги – жената која лани во септември наполни 70 години, беше препознатлива по својот слаб, скоро „ковчест“ изглед, крупните очи и кратко шишаната фризура. Модните часописи беа преплавени со нејзините слики.
Лесли Хорнбај, денес позната под името Твиги Лоусон е родена на 19-ти септември 1949 година во Лондон и својата кариера како модел ја започнува уште на свои 16 години. Тоа што е интересен податок за нејзе, е што според стандардите за моделите била доста ниска, само 167 см, но тоа не ја спречило да изгради успешна кариера и да се прослави со својот изглед. За свој идол ја смета моделката и актерка Џин Шримптон, која во 2012 година беше прогласена од страна на списанието Time за една од 100 највлијателните модни икони на сите времиња.
Откако професионален моден новинар ги забележал нејзините слики кои биле изложени во фризерскиот салон во Лондон на познатиот фризер Леонард, веднаш побарал да се запознае со мистериозната девојка. Неколку недели подоцна Твиги се нашла на насловните страници на Daily Express. Од тука нејзината кариера почнала да оди само нагоре и нејзиниот изглед останува засекогаш запаметен во модната историја. Твиги е се уште активна дури и на свои 70 години. Покрај неколку проекти на кои активно работи, таа има свој блог, во 2011 година го издава албумот Romantically Yours каде што како вокален гостин се појавува и нејзината ќерка Карли.
Следетене на