Ако сте едни од оние кои што размислуваат за прв пат да истетовираат нешто на своето тело, тогаш постојат многу важни прашања на кои што треба да најдете одговор пред да отидете во салонот за тетовирање. Прва и најважна работа е всушност што сакате да истетовирате, имајќи во предвид дека што и да ставите ќе го носите со себе до крајот на својот живот, кој тату мајстор да го изберете да го направи тоа, и секако, дали ќе боли? На првите две прашања, одговорот ќе го најдете самите, а на последното можеме да ви помогнеме. Да, ставањето на тетоважа боли, но тоа не е неподнослива болка и поминува за кратко време, но ако болката е пресудна во вашата одлука за локацијата на вашата тетоважа, тогаш овие информации ќе бидат доста корисни за вас.

 

Пределот околу ребрата

man in black jersey shorts

Кожата што се наоѓа во пределот кај ребрата е доста тенка и затоа тетовирањето овде може да ви предизвика голема болка, особено ако влегувате во категоријата на слаби личности.

 

Стомак

man rides bicycle

Тетовирањето на стомак можеби звучи привлечно, но имајте на ум дека овој дел од телото е доста еластичен и во постојано движење, што може да ви предизвика навистина голема болка првите неколку дена по тетовирањето. Доколку сепак се одлучите да се истетовирате тука, тогаш најдобро е можеби да не јадете веднаш пред да започнете со процедурата. Исто така ако сте жена и планирате да имате деца, имајте на ум дека кожата ќе се растегне за време на бременоста и тетоважата може навистина да изгледа лошо после одредено време.

 

Врат

Тетоважите на вратот можат да бидат навистина болни особено ради фактот што тука се наоѓаат голем број на нерви. Всушност, овие тетоважи се смета дека се едни од најболните и не се препорачуваат ако имате ниска толеранција на болка.

 

`Рбетот

woman wearing bikini sitting by the seashore during daytime

Тетоважите на `рбетот се навистина популарни, особено заради фактот што можете лесно да ги сокриете, меѓутоа немојте да заборавите дека има голем број на нерви кои се движат по должината на вашиот `рбет и коските се навистина блиску до кожата.

 

Глуждот

Болката што ќе ја почуствувате доколку се тетовирате во пределот кај ребрата е скоро иста доколку ставате тетоважа на вашиот глужд. Кожата е исто така тенка и чуствителна, затоа внимателно со овој дел на телото.

person feet on white textile