Најголем број од жените имаат конкретни начини на навики на кој нанесуваат шминка, како и различни типови на шминкање за различни периоди од денот. Тоа што е најважно да знаеме кога станува збор за овој „ритуал“ е тоа дека кога ќе се погледнаме во огледало и го воочиме крајниот резултат, треба да се чувствуваме удобно во сопствената кожа. Но сепак постојат одредени правила ако сакаме нашата кожа на лицето да изгледа беспрекорно, па затоа избегнувајте ги овие грешки кои што свесно или несвесно најголемиот дел од женската популација ги прават.
Нанесување шминка на нечисто и суво лице
Пред да започнете со шминкање, секогаш внимавајте вашето лице да биде чисто и доволно хидрирано. Шминката ако се нанесува на нечисто и суво лице, нема да биде рамномерна и полесно ќе ви се избрише.
Нанесување на големи количини на коректор
Најголем дел од жените ставаат на своето лице коректор во големи количини, што е честа грешка, особено ако користите пудра. Гледајте да нанесувате коректор на местата кои што е тешко да се покријат со обична пудра, како што се одредени темни точки на лицето, бемки или мозолчиња.
Нанесување на руменило на погрешен начин
Руменилото треба да го „освежи“ вашето лице, односно да му даде еден вид на младешки и здрав изглед. Ако нанесувате многу руменило во големи количини, тогаш ќе изгледате многу постари отколку што сте. Пред да почнете со користење на руменило, најдобро е да побарате на интернет кој тип на руменило најдобро би ви одговарал според формата на лицето.
Нанесување на погрешни нијанси на пудра
Сите знаеме колку е тешко да се погоди вистинската нијанса на пудра за сопственото лице, па затоа жените најчесто избираат некоја нијанса која што е најблиска со тенот на кожата, што е погрешно. Вашето лице не треба да изгледа еден тон посветло или еден тон потемно од што е, па затоа немојте да се плашите да експериментирате; ако не сте сигурни, тогаш измешајте две нијанси за да го добиете посакуваниот тон, или купувајте пудра каде што можете претходно да ја пробате. Ако посетувате професионални шминкери, консултирајте се со нив за тоа кој тип на пудра користат за вашиот тип на кожа.
Користење на стара шминка
Сигурно голем дел од вас имаат некаков тип на сенка за очи или кармин кој што долго време не го користеле, но после одреден период решиле повторно да започнат да ги користат. Ова е многу погрешно! Како и сите продукти, така и шминките имаат рок на траење и нивниот хемиски состав се менува со текот на времето. Не само што можете да предизвикате иритација на вашата кожа, туку и шминката нема добро да се нанесува на лицето и ќе се згрутчува. Затоа, понекогаш е подобро да ги исфрлите старите шминки и да обновите со нови, отколку да ризикувате проблеми на кожата.
Следетене на