Утринскиот појадок е најважниот оброк во денот и навистина е вредно да се потроши малку време за неговата припрема. Поминете неколку минути секое утро и подгответе здрав појадок. Ако ги промените навиките и вложите повеќе напори, можете да јадете здрава храна без оглед на брзиот модерен живот. Обидете се и ќе се чувствувате поздраво и со подобро расположение.
Ако го прескокнете појадокот сериозно си наштетувате на вашето здравје. Неопходно е да се прочита за тоа што е хранлив и здрав појадок и кои категории на производи може да се комбинираат.
Дури и ако немате време, постојат опции и за подготовка на брз и здрав појадок.
Предности на здравиот појадок се:
– Внесувате повеќе витамини и минерали во Вашиот организам.
– Помалку маснотии и холестерол.
– Имате подобра концентрација и подобра продуктивност во текот на утрото.
– Контрола на тежината.
– Имате низок холестерол, што го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања.
Тука ќе ви претставиме еден здрав оброк. Комбинациите со чиа семе и овес е најздрава комбинација. Овесот содржи ниско ниво на масти и калории. Неговиот вкус е доволно неутрален па може да се комбинира со многу намирници како за пример може да го комбинирате со овошје. Во овој оброк додадете и ореви, лешници, веруваме ќе биде превкусно. Имате преубав појадок богат со влакна, минерали и протеини.
Чиа семето е најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини (дури 30%), масни киселини Омега -6 (10%), протеини и моќни антиоксиданти. Ова „супер семе“ како што го нарекуваат нутриционистите е одличен извор на есенцијални минерали (фосфор, манган, калциум и цинк), содржи висок процент на диетални влакна. Поради високата хранлива вредност чиа семето во дневната исхрана ќе Ви го зголеми нивото на енергија и подобрување на расположението, концентрацијата, работната способност и јасно размислување. Чиа семето влијае врз намалувањето на високиот крвен притисок и го намалува холестеролот во крвта, позитивно влијание во одржувањето на здравите коски – семето чиа содржи висок процент на калциум, една лажица семе од чиа содржи иста количина калциум како две чаши млеко.
Предлог рецепт за здрав оброк:
- 1 чаша овес
- 2 чаши вода
- 1 мала лажичка цимет
- 2 лажички мед
- На врвот на мала лажичка морска сол
- 2 големи лажици исцеден сок од лимон
- 4 големи лажици чиа семе
Ставете го циметот во сад со водата и оставете го да зоврие. Намалете ја температурата и додадете го овесот. Оставете го на рингла на ниска температура 5 мин и тргнете го од оган. Сега додадете ги останатите состојки.
3 часа после појадокот е идеално време за витамински оброк со овошје.
Следетене на