Ви приготвивме листа со најдобрите машки шалови за оваа сезона, кои не само што ќе Ве стоплат туку ќе направат да изгледате стилски и тренди.

BURBERRY – Едноставен шал од кашмир со лого

Едноставен безвременски модел кој може да го комбинирате и во класична и лежерна комбинација. Изработен е во Италија од природен кашмир и рачно извезено лого.

OLIVER SPENCER – Волнен шал со пруги

Волнен шал украсен со прекрасна и тренди комбинација на бои.

Tommy Hilfiger – Еднобоен шал од кашмир

MONCLER – волнен шал со пруги

Moncler е на врвот во изработка на зимски колекции. Од нивната колекција го избравме следниов модел на волнен шал.

Волнен шал на BALENCIAGA со лого

Трендот на вметнување на сопствено лого на брендирани маици, ташни, се повеќе се шири. Затоа не се изнеенадувајте што во нашиот список го избравме овој прекрасен шал, изработен во Италија од мека волна.

 

 

LOEWE – колоритен волнен шал

Внесете малку живост во зимската гардероба со ова ексклузиво парче на Loewe.