Познатата англиска писателка на детективски романи која се прослави благодарение на нејзините уникатни протагонисти, детективите Херкул Поаро и Госпоѓица Марпл, во своето време напиша 66 книги и 14 кратки раскази. Нејзините книги до ден денес со задоволство ги читаат луѓето ширум светот кои што се фасцинирани со мистерии и откривање на вистината, но и покрај тоа, во нејзиниот живот остана една мистерија која што никогаш не беше разрешена. Станува збор за нејзиното лично исчезнување на 3-ти демекври во 1926 година.
На овој ден, познатата писателка во вечерните часови некаде околу 9:30 нежно ја бакнува својата заспана 7 годишна ќерка во својот дом во Беркшир, влегува во својот автомобил и изчезнува во ноќта. Нејзиното исчезнување станува главна атракција не само во градот, туку и во светот, особено што писателката на едни од највозбуливите детективски романи, станува главен лик во својата драма. За нејзиното пронаоѓање се ангажираат голем број на полицајци како и обични луѓе, но никој не може да и открие ниту трага, ниту глас. За кратко време успеваат да го пронајдат нејзиниот автомобил, напуштен на една стрмна падина во близина на Гилдфорд. Според првичните увиди, автомобилот не покажува знаци дека нешто страшно се случило во него.
Нејзиното исчезнување предизвикува голема бура на реакции и името на Агата Кристи со денови стои на насловните страни на сите весници. Нејзиниот последен роман, Убиството на Роџер Акројд почнува да достигнува светски рекорди во продажбата и сите се прашуваат, што се случи со писателката? Тоа трае така, се додека на 14-ти декември, 11 дена по нејзиното исчезнување, не е безбедно пронајдена во еден хотел во Харогејт и тука на оваа мистерија еднаш и засекогаш би и бил ставен крајот, да не беше фактот што самата Агата Кристи не можела да одговори на прашањата каде била и што правела овие 11 дена.
Нејзината амнезија која што еден дел од јавноста ја нарекува ПР приказна за да се зголеми продажбата на книгите, додека пак другите ја поврзуваат со шокот по дознавањето дека нејзиниот сопруг има љубовница, до ден денес ги тера луѓето да се прашуваат. Тоа што е успеано да се дознае од целава ситуација и да се поврзат деловите што недостасуваат, е дека таа го напуштила својот дом и патувала до Лондон, притоа правејќи сообраќајка со нејзиниот автомобил. Потоа се качила на воз до Харогејт и веднаш откако пристигнала, се пријавила во хотелот. Тоа што е интересно, е што за пријавување го искористила името на љубовницата на својот сопруг, Тереза Нил. По кратко време еден од музичарите во елегантниот хотел, Боб Тапин, ја препознал и пријавил во полиција, и тие веднаш се јавила кај нејзиниот сопруг. Што всушност се случувало во тие 11 дена, не може никој со сигурност до ден денес да одговори.
Следетене на