Љубовта и помеѓу славните секогаш изгледа како од бајките, но која е всушност реалноста? Што се случува позади затворени врати? Папараците го посветуваат својот живот обидувајќи се да дојдат до одредени „сочни“ детали и да „ѕирнат“ во најинтимните моменти на ѕвездите и често доаѓаат до информации кои што ја разбрануваат јавноста.
Џенифер Анистон и Бред Пит
Некогаш најславната двојка на светот, Џенифер Анистон и Бред Пит, изјавија дека се разделуваат во јануари 2005 година, една година по снимањето на филмот Г-дин и г-ѓа Смит. Случајност? Фактите велат не. Причината за разделбата и разводот помеѓу нив всушност неверството на Бред Пит со неговата колешка Анџелина Џоли, со која се зближил за време на снимањето на овој филм. По цели 12 години заедно, Анџелина во 2016 година поднесе барање за развод а како причина во документите ги наведе „непомирливите разлики“. Во јавноста се шпекулира дека причината за барањето за развод е проблемите со алкохолот кој што Пит ги има, како и неговата расправија со посвоениот син Медокс. По три години, оваа славна двојка уште не може да се разведе, а најголема причина за тоа се заедничките пари и имот кој што пробуваат да се договорат како да го поделат.
Source:News Corp Australia
Picture: AFP Photo/Mark RalstonSource:AFP
Арнолд Шварценегер и Мариа Шривер
Picture: Getty Images
Picture: Brian To/FilmMagic; MySpace
Јавноста навистина беше изненадена кога дознаа за љубовниот скандал помеѓу овој брачен пар кој беше заедно 25 години и решија да се разведат во 2011 година откако се дозна за аферата на Шварценегер со куќната помошничка со која имаат заедничко дете. Синот на Шварценегер од Милдред Баена е роден во 1997 година, истата година која Шривер се породи со нивнот втор син. Во јавноста кружат информации дека Шривер постојано се сомневала за неговата афера, затоа што детето на Милдред личено неверојатно многу на Шварценегер, па токму затоа и се соочила со неа. По неколку часовна расправија, Милдред попуштила и признала за тоа што се случувало помеѓу нив двајцата.
Принцезата Дајана и принцот Чарлс
Picture: BRYN COLTON/REX/SHUTTERSTOCK
Picture: Getty Images
Денес принцот Чарлс е долги години во брак со неговата сопруга Камила со која на времето имаше афера додека се уште беше во брак со принцезата Дајана, но ретко кој го спомнува фактот дека и славната принцеза позната по своите хуманитарни дела имаше своја афера во истиот период. Во 1992 година во јавноста беше пуштен сниман разговор помеѓу Дајана и нејзиниот тогашен љубовник Џејмс Гилби. Всушност, се смета дека Гилби не бил единствениот нејзин љубовник во периодот додека била во брак со принцот Чарлс.
Следетене на