Чантата како важен моден детал не е веќе привилегија само на жените. Но отсекогаш била и ќе биде експресија на тренд, бренд и статус кај секоја жена која внимава на својот изглед.

Овој моден акцесоар се менува од година во година, од сезона во сезона, како според дизајн така и според цена. Но најскапите чанти, секогаш остануваат и се паметат  како ремек дело на модните дизајнери.

Top 10 most expensive handbags in the world

Најскапата чанта во светот има и интересно име кое веднаш асоцира на нешто егзотично и уникатно. Mouawad 1001 Nights Diamond Purse го држи рекордот во Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Рачно е изработена од 18 каратно злато, и содржи 105 жолти дијаманти, 56 розеви дијаманти и 4356 обоени дијаманти. Креаторите потрошиле 8800 часа во изработување на ова ремек дело. Цената е 3,8 милиони долари. Веќе има и свој сопственик кој минатата година, ја купил на аукција во Хонг Конг.

Што мислите вие? Дали оваа сума на пари вреди за ваков луксуз?

 

 

Извор: https://www.luxhabitat.ae/the-journal/top-10-most-expensive-handbags-in-the-world/