Screaming Eagle Cabarnet 1992
Најскапото вино на светот, всушност не е и најстарото. Screaming Eagle Cabarnet достигнува вртоглава цена од пола милион долари и претставува црвено вино од 6 литри Кабарне вино од Долината Напа. Виното е познато по богатата арома на даб, црна рибизла, ванила и темно чоколадо. Вистинско уживање за вистинските љубители на црвеното вино.
Chateau Margaux 1787
Ова го викаат најскапото вино на светот кое никогаш не било продадено. Неговата вредност била проценета на пола милион долари, но за време на една вечера во хотелот Four Season, еден од келнерите нажалост го истурил, па затоа неговата вредност е преполовена, односно на 250,000$ кои што биле исплатени од осигурителната компанија.
Chateau Lafte 1787
За ова вино од 1787 година се верува дека потекнува токму од визбата на Томаџ Џеферсон заради иницијалите на самото шише. Џеферсон бил познат по тоа што бил голем љубител на вината и дека имал своја лична колекција. Голем дел од историчарите се скепитични за овој податок, па сепак ова вино било продадено за 156,450$ од страна на Малком Форбс во 1958 година.
Penfolds Grange Hermitade 1951
Рекордот за најскапото австралиско вино се постави во 2004 година, кога колекционер го има откупено за 38,420$ во Јужна Австралија. За овој тип на вино е познато дека постојат само 20 шишиња.
Cheval Blanc 1947
Оваа мешавина на Кабарне Франк и Мерлот се смета дека е едно од најдобрите вина на 20 век, особено заради неговата богата арома. Ова вино беше купено во 2006 година во Сан Франциско за рекордна цена од 135,125$.
Следетене на