Високите потпетици со години наназад кај поголемиот број од жените се повеќе од обична обувка – тие се симбол на статус, моќ, елегантност и самоувереност. Голем број на понежната популација се подготвени да одвојат повисока сума на пари за нив, но каде е нивната граница во цените?

Дали сума од 100, 200 или пак 300 евра ви се чини како многу за еден пар високи потпетици? Во споредба со овие суми, The Passion Diamond Shoes, достигнуваат вртоглава цена од дури 17 милиони долари. Нивната цена се должи на фактот што се изработени од неколку стотици дијаманти со дополнителни два дијаманта од 15 карати секој посебно. Изложени се во Burj Al Arab – хотел со 7 ѕвезди во Дубаи.

Дали би сакале и вие барем еднаш во животот да ги носите овие високи потпетици?