Тие се шампиони во спортскиот свет, но дали се и во модниот? Секако ја почитуваме нивната игра и нивниот успех, но ние најмногу сакаме да го коментираме нивниот моден стил. Ова е листа на најстилските фудбалери.

Лионел Меси – Неговиот стил никогаш не останува неприметен. Пример за тоа е оваа конференција каде тој се појавува во модерен костум и едноставни бели патики.

Кристиано Роналдо – Не само по скапите автомобили, очигледно Роналдо е познат и по уникатната гардероба која ја набавува од познати брендови. Но мора да се согласиме дека секогаш изгледа стилски феноменално.

Нејмар – Тој обожава ,,фенси“ и скапи парчиња гардероба. Тоа се гледа и по следнава слика.

Герет Бејл – Секогаш уредна фризура, стилски одбрана гардероба. Затоа се најде и на оваа топ листа.

Хидетоши Наката – Почесто го гледаме во црни комбинации, но мора да признаеме дека и ова е топ!

Серхио Рамос – Серхио Рамос е мастер во облекување, но и во соблекување! Доволно е кажано!

Луис Суарез – Тој знае дека џинсот секогаш е во мода. А ова парче гардероба секој маж мора да го има во плакарот.