Дали размислувате да започнете со реновирање на вашата кујна, или веќе полека се подготвувате за тој чекор? Ние имаме неколку предлог кујни кои совршено се вклопуваат во секој амбиент.
Бела кујна
Овој тип на кујна одговара на сечиј дом, со тоа што единствената мана е што секоја дамка и нечистотија веднаш ќе се познава. Ако имате мало дете, можеби и треба да ја прескокнете оваа идеја, или барем задржете ја како последна опција.
Рустикална кујна
Овој тип на кујна ќе му даде одредена доза на топлина и пријатност на вашиот дом. Идеална е за луѓе кои живеат во куќа или кои се љубители на дрвото како главен мотив во екстериерот.
Модерна кујна
Овој тип на кујни се препознатливи по своите минималистички дизајни каде што преовладуваат сиви тонови. И секако, немојте да заборавите на модерната електроника. Но внимавајте, иако едноставни и елегантни и примамливи, знаат да бидат и доста скапи.
t
Медитеранска кујна
Овие типови на кујна се светли по природа и секогаш има по некое растение како дополнителна декорација во нивниот амбиент. Потсетуваат на традиционалните грчки кујни со модерни елементи.
Следетене на