Новогодишната еуфорија полека започнува и сигурно најголем дел од вас веќе размислуваат како да го украсат својот дом за Новогодишните празници. Во прилог ви предложуваме неколку идеи за тоа како да го декорирате својот дом.

 

Црвено, црвено, црвено!

   

   

Црвената боја доминира кај овие празници, па така можете и вие да го украсите вашиот дом со црвени детали. Елката наредете ја со црвени лампиони, додадете црвени перничиња во дневната соба, црвени свеќи или црвен чаршав. Сијаличките гледајте да бидат со една боја и дополнително на тоа можете да додадете бели или зелени тонови кои совршено ќе се вклопат во целиот амбиент.

 

Елеганција во виолетово

     

     

За ова идеално би било доколку имате бела елка, но тоа не значи дека не можете да го постигнете посакуваниот ефект и со зелена. Оваа година бидете поинакви и наместо со класичното црвено и зелено, комбинирајте виолетово и бело. Можете дури и подароците под елката да ги спакувате во виолетова украсна хартија.

 

Украсување на мал простор

     

   

Доколку живеете во мал стан или едноставно немате простор за декорирање, тогаш гледајте да се придржувате до старото добро правило, а тоа е дека светлите бои го „отвараат“ просторот. Земете помала елка, користете светли бои и внимавајте да не натрупате со украси.