Урмите имаат лековито дејство. Откриени се уште пред илјадници години. Содржат разновидни витамини и минерали, шеќер, влакна. Истотака содржат железо, фосфор, магнезиум, цинк, калиум и калциум.
Еве неколку причини зошто треба редовно да јадеме урми:
1. Го намалува холестеролот
Урмите не го покачуваат нивото на холестерол во организмот и содржат многу малку масти. Вклучувајки ги во редовната исхрана ке ви помогнат во нормално одржување на холестеролот.
2. Богати се со протеини
Содржат високо ниво на протеини. Луѓето кои се физички активни или спортуваат, корисно е да јадат по неколку урми секој ден за да ја задржат својата форма.
3. Богати се со витамини
Содржат во себе Б1, Б2, Б3 и Б5 како и А и Ц. Со секојдневното внесување на урмите не ви се потребни дополнителни витамински додатоци. Даваат енергија и содржат природни шекери.
4. Го одржуваат здравјето на коските
Богати се со селен, манган, магнезиум и бакар што придонесуваат да бидат здрави коските и спречува состојба на остеопороза.
5. Богати се со железо
Урмите содржат железо што е корисно за оние што имаат недостаток на железо во крвта. А воедно е одлично за прочистување на крвта.
6. Ја одржуваат убавината на кожата
Бидејки содржат витамин Ц и Д, ја задржуваат еластичноста на кожата и спречуваат да се акумулира меланин во вашето тело.
Следетене на