Ако постои место во домот каде што секогаш ни недостасува простор за складирање тоа е сигурно бањата. Постојат толку многу лосиони, шминка, средства за хигиена, средства за коса на кои мора да им се најде соодветно место. Се надеваме дека овие неколку идеи ќе Ви бидат од корист.
Идеално решение за да ја сместите екстра тоалетната хартија и бришачите за раце, а да не Ви зафаќа многу простор. Вистинско олеснување е што овој декоративен рафт можете да го изработите и сами.
Користете рустични закачалки за на ѕид.
Користете декоративни подлоги каде што уредно ќе Ви бидат наместени сите украсни шишенца со парфеми, шминка и други атрактивни пакувања.
Декоративни украсни полици за кои нема потреба од посебна монтажа, а ќе Ви го украсат и просорот во бањата. Доколку немате доволно прсотор за големи полици може да се одлучите и за помали.
Пластични организери каде ќе ги сместите лаковите за нокти, кармините, шминка и сите други мини пакувања кои ќе ви бидат на дофат секогаш.
Полици на ѕид. Ѕидовите во бањата остануваат само неискористен простор. Па затоа закачете декоративни полици каде ќе ги сместите Вашите лосиони и растенија.
Украсни тегли – кои ќе му дадат посебен изглед на просторот, а и ќе Ви помогнат за складирање.
На Вашата неупотреблива скала, најдете и место во Вашата бања, каде ќе ги закачите Вашите пешкири. Оваа идеа доаѓа од познатата дизајнерска куќа Alexander Design and Build.
Шминките, лакови, други ситни работи сместете ги во мали украсни кутии.
Следетене на