Конзумирањето на кафе секако дека има свои позитивни ефекти, но треба да знаеме дека прекумерното внесување на кафе во текот на денот има негативни последици врз организмот.

  1. Проблеми со стомакот

Може да доведе до дијареа со оглед на тоа дека помага во ослободување на хормонот кој ги забрзува процесите во цревата и желудникот. Доколку имате вакви проблеми пробајте да ја намалите дневната количина на кафе.

2. Чувство на умор следниот ден

Кафето во себе содржи кофеин кој го стимулира вашиот нервен систем. Одредени студии покажуваат дека преголемиот внес на кафе може да доведе до умор наредниот ден. Затоа ограничете го внесот на кафе во текот на денот.

3. Несоница

Кафето може да ве држи будни поради кофеинот што го содржи во себе. Но поради тоа големите дози на кофеин ке ви го продолжат времето кога треба да заспиете.

4. Забрзана работа на срцето

Оваа појава е честа кај младите кои конзумираат многу кафе бидејки кофеинот го зголемува пулсот. Пиењето кафе не се препорачува на лица кои имаат проблеми со хипертензија и тахикардија.