Празниците полека се приближуваат и додека да трепнеме ќе влеземе во 2020 година. Сите ние имаме некои традиции кои што ги почитуваме и ги правиме секоја година, од семејни собирања и ручеци, па се до давање на подароци. Но дали сте запознаени со некои од најбизарните Божиќни традиции низ светот?

 

Австрија

Image result for krampus no copyright

Како деца верувавме во Дедо Мраз и се трудевме да бидеме послушни за да добиеме подароци од него. Бидете среќни што како дете не сте живееле во Австрија, затоа што таму веруваат не само во Дедо Мраз, туку и во Крампус – злобното чудовиште за кое што се верува дека талка низ улиците и бара лоши деца за да ги казни. Во декември во Виена очекувајте да видите страшни маски како шетаат по улиците плашејќи ги децата па дури и возрасните.

 

Украина 

Related image

Ако имате страв од пајаци, тогаш немојте да ја посетувате Украина за време на Новогодишните и Божиќни празници! Луѓето во Украина наместо да користат лампиони и светилки за своите елки, тие ги украсуваат со пајажина и пајаци. Оваа традиција има започнато благодарение на една приказна каде што една сиромашна вдовица не можела да си дозволи да ја украси Новогодишната елка за децата, па пајаците во куќата гледајќи го тоа се сожалиле и направиле прекрасна пајажина околу дрвото. Всушност, пајаковата мрежа се смета дека носи среќа во Украина.

 

Финска

round brown wooden bucket

Сите знаеме дека Финска е најпозната по нејзините сауни и дека и самите фици се нејзини најголеми љубители, па затоа не е ни чудно што постои и Божиќна традиција поврзана со сауните. Во најголем број од домовите сите семејства имаат свои приватни сауни, па така за време на празниците ова место станува свето и се поврзува со предците. За Божиќ е вообичаено да се соблечат голи и да седат долго време во сауна каде што се верува дека таму е домот и на легендарниот „елф“.

 

Јужна Африка

Image result for south africa fried caterpillars christmas

Дали со нетрпение го очекувате Божиќниот ручек или семејните прослави каде што масата е преполна со превкусна храна? Во Јужна Африка наместо руска салата, кифли, јагнешко месо, домашна погача, гравче или подварок, јадат пржени гасеници. Навистина необично и голем дел од вас ќе се согасат дека е невкусно дури и како идеја, но овде луѓето веруваат дека пржените гасеници носат среќа на секој што ќе јаде од нив.

 

Норвешка

Image result for flying witch no copyright

Според норвешкиот фолклор, Божиќната вечер е ден кога палавите вештерки летаат на небото и се подбиваат со луѓето, па бидејќи се верува дека користат метли како начин на транспорт, не е ни чудно што најголем дел од домаќинствата таа вечер ги кријат своите метли со цел вештерките да не ги земат и користат.