Месец ноември се смета за месецот на скорпијата, поточно за оние родени во периoдот помеѓу 23 октомври и 21 ноември. Со овој знак владее планетата Плутон и го носи симболот Знакот на скорпијата кој што треба да претставува убод на опашката на скорпијата, но често се смета и дека е симболика за машкиот полов орган. Скорпиите во хороскопот се сметаат за водени знаци и се карактеризираат со силна емотивна енергија. Самата вода се поврзува со симболиката на емоциите и чувствата, односно солзите.

Во животот – Луѓето родени во знакот на скорпија имаат одлична меморија, не забораваат ниту добро ниту лошо и тежнеат да бидат доста критични како и кон останатите, така и кон себе. Тие се карактеристични по својата одмаздољубивост, односно кој еднаш и наштетил на скорпијата, постои опасност порано или подоцна да биде „боцнат“. Фасцинирани се од се што е мистериозно, неистражено, тајно и не бираат средства за да дојдат до вистината.

Во работата – Благодарение на оваа нивна љубопитност и фактот што се одлични истражувачи, тежнеат кон работни места кои што се карактеристични од тој тип. Тие се создадени да бидат детективи, научници, психолози… Без разлика на изборот на професијата, кога работите со скорпија, бидете сигурни дека ќе биде посветена на работното место па дури и ќе претерува во својата сериозност.

Со партнерот – На скорпијата и треба време да се опушти и да ги покаже своите чувства, но кога еднаш ќе се приврзе за некого, верна е до самиот крај. Карактеристично за скорпиите е тоа што се како магнет за спротивниот пол, веднаш ќе ги забележите во група на луѓе, имаат изразена сексуална енергија и врската ќе ви биде доста страсна. Но, бидете внимателни, скорпиите се екстремно љубоморни луѓе и понекогаш дури и самите создаваат скандали со цел да се разбие монотонијата во врската со партнерот.

Полудраги камења кој одговараат на скорпијата се хематит, халцедониум, аметист, мелахит, аквамарин, опал.

Можни проблеми со здравје и на што треба да обрнат внимание скорпиите се желудникот, репродуктивните органи, карлицата.