Алберта Ферети ја презентираше својата преубава  зимска колекција. Во своите уникатни дизајни се навраќа на гламурот и светлата основа. Нејзините дизајни точно ја отсликуваат зимата како бела, снежна, романтична. Поголемиот дел од презентираните модни парчиња се целосно бели, а посебен впечаток оставаат исклучителните зимски шешири и нежните златни детали. Издвоивме неколку од нив.