Познатата пејачка Адел која се прослави благодарение на нејзиниот прекрасен глас, денес има дури 46 килограми помалку од првиот пат кога се појави на сцената и, верувале или не, обожавателите не се баш најсреќни заради тој факт. Кога почна да настапува за прв пат, важеше за жена која не се срами од својот изглед со вишок на килограми и им влеваше самодоверба на жените ширум светот да се гордеат како изгледаат.

На забавата на Бијонсе и Џеј Зи која се одржа по доделувањето на Оскарите се појави во тесен фустан со животински принт и ги остави сите збунети и во неверување. Голем дел од фановите изразија загриженост за нејзината драстична промена во килограмите, па дури имаше и такви кои коментираа дека изгледа болно, пропаднато и остарено.

Дури се појавија и коментари кои тврдеа дека со ова драстично намалување на килограмите, ќе се промени и нејзиниот глас, што останува да видиме на нејзиниот следен настап во живо. Вие што мислите за нејзината промена?