Овој реномиран бренд го претстави новиот часовник дел од колекцијата Serpenti Seduttori, со рачен механизам со турбилон. Овој часовник има резервна енергија од 40 часа. Посебен е заради турбилонскиот механизам, што кај другите луксузни рачни часовници за жени е прилично невообичаена каракетристика. Тоа е она што овој часовник го прави уште пософистициран.
Елегантниот часовник е во облик на змиска глава како дел од предходно споменатата колекција која е инспирирана од змиите. Уникатноста на елегантниот часовник е и во неговата големина, односно значително е поголем од конвенционалните модели на кварц. Булгари го претстави својот нов часовник во три верзии: бело злато со дијаманти и кожна лента, бело злато со дијаманти и нараквица со сличен стил и розово злато со дијаманти и кожна лента.
Моделите со кожни ленти имаат нешто повеќе од 2,5 каратни дијаманти, додека моделот на нараквицата има над 7,5 карати.
Следетене на