Не е важно дали имате голема или мала кујна, меѓутоа да биде перфектно организирана е вистински предизвик. Благодарение на овие неколку производи, веруваме дека ќе ја постигнете посакуваната цел. Овие производи не само што се корисни, туку се и декоративни, а може да ги најдете за ниски цени.
Искористете го организерот за прибор, како организер и за капачиња, така што бараната големина секогаш ќе ви биде при рака.
Организер за на ѕид. Овде може да ги смесите сите работи кои често ги користите за да Ви бидат при рака секогаш. Овој организер можете и сами да го изработите.
Набавете фиока-шина која ќе ја сместите во кабинетот на кујната, па така никогаш не мора да губите време барајќи го блендерот и другите кујнски апарати.
Закачалка за чаши. Обесете ги Вашите вински чаши, така што не мора повеќе да Ви зафаќат место во кујнските кабинети.
Организер за садови за готвење е најдобрата солуција за организирана кујна, бидејќи мора да се согласиме тие ни зафаќаат огромен простор.
Декоративна сталажа на која ќе ја сместите Вашата даска за сечење, како и сите ножеви кои секогаш ќе Ви бидат на едно место и секогаш на дофат.
Организер за чај- Ако си голем обожавател на чај, ова е идеален декоративен начин за да Ви биде уредно наместен и да не зафаќа простор.
Организер за кујнските фолии.
Декоративна полица за зачини
Следетене на