Вчера беше официјално потврдено дека популарната модна ревија со ангелите на Victoria’s Secret кои што секоја година ги гледавме како парадираат на модната писта во долна облека од овој бренд, оваа година нема да се одржи. Шпекулациите за откажувањето на модното шоу започнаа да кружат уште во мај оваа година, но се уште немаше официјална изјава дали е тоа вистина или не.
Одлуката беше донесена со цел да се фокусираат повеќе на маркетинг делот од оваа модна куќа. Лекс Векснер, извршниот директор на L Brands, изјави оваа година дека шоуто ќе оди во сосема спротивна насока.
„Модата е деловна промена. Мораме да еволуираме и да се промениме за да растеме. Имајќи го тоа во предвид, решивме да го преиспитаме традиционалното модно шоу на Викторија. Одејќи напред, не веруваме дека телевизијата е соодветна.“, изјави Векснер.
Ова шоу во последниве неколку години беше главна мета на големи критики упатени од страна на јавноста. Во 2018 година публиката која што го следела ова шоу броење само 3,27 милиони гледачи, што беше поразително најмала бројка некогаш. Се претпоставуваше дека повеќе од половина гледачи се изгубени во последниве 2 години. Останува да видиме какви се промени ни подготвуваат, со оглед на тоа дека веќе започнаа со некои промени како ангажирање на првиот трансродов модел Валентина Сампајо, како и плус сајз моделот Али Тејт.
Следетене на