Британската пејачка Адел која се прослави благодарение на своите хитови Someone Like You, Hello, Rolling In The Deep и уште многу други, им влеваше самодоверба на многу жени дека не се важни вишокот на килограми кога сте навистина талентирани. Но минатата година, таа направи целосна трансформација на своето тело и успеа за многу краток период да ослаби неверојатни 20 килограми! Фановите беа одушевени од нејзиниот нов изглед, но имаше и такви кои неугодуваа дека има „потклекнато“ на Холивудскиот стандард за убавина,  а дури некои и беа видно загрижени дека има некакви проблеми со здравјето.

     

Без разлика на разните реакции, голем дел од јавноста се прашуваше како и успеа на 31 годишната пејачка да го постигне тоа? Целиот процес на губењето на килограмите има започнато пред 6 месеци, кога Адел го „вработи“ познатиот тренер Далтон Вонг да и помогне во губењето на килограмите, а кога тој не бил слободен, тогаш го заменувал Џо Викс. Покрај редовното вежбање, Адел се придржувала и до таканеречената Сиртуинска диета, со која треба редовно да внесувате сиртуини за да го поттикнете трошењето на масните наслаги во вашето тело. Оваа дитеа е омилена помеѓу славните личности. особено што дозволува внесување на чоколадо и вино. Но како всушност функционира оваа диета? Во првите три дена се ограничувате само на 1,000 калории дневно и внесувате сиртуински течности и храна како зелен чај, јаболка и слично. Во наредините четири дена го зголемувате внесот на калории до 1,500 дневно и со тоа го зголемувате и внесот на сиртуински течности и сиртуинска храна. Ескпертите препорачуваат да направите неделен план за вашата исхрана и да се придржувате до него и после многу кратко време ќе забележите голема промена на вашето тело, притоа не чуствувајќи замор, истоштеност, нервоза или потреба за храна. Постојат разни книги и прирачници кои можете да ги најдете во локалните книжарници или на интернет ако ве заинтересира оваа диета, но пред да започнете, секако ви препорачуваме прво да се консултирате со вашиот лекар или нутриционист.

selective focus photo of clear glass with fruit juice    bowl of fruits topping with cereal