Во ,,Dezeen Awards“ за 2019 година беа претставени 53 проекти кои беа отценувани од жири составено од 25 врвни архитекта и мастер жири кое ги избираше финалните победници. Сите добитници се накитија со рачно изработен трофеј од Ателје НЛ.
За најдобар дизајн на домашен ентериер беше избран проектот за уредување на викендица од 55 квадрати. Овој проект жирито го награди заради паметниот начин рационално да се искористи просторот, едноставноста и внимателната употреба на ,,одржливите материјали.“
Најдобар внатрешен дизајн за апартман од 209 квадрати беше избран следниов проект кој вклучува трансформација на мансарда лоцирана во долговековната зграда на авенијата Мичиген во Чикаго во пространа куќа за двајца.
Најдобар дизајн на ресторант и бар
Најдобро уредување на хотел и пансион
Овој проект вклучуваше уредување на мали куќички за ноќевање кои даваа целина на хотелот. Малите згради не биле првично дизајнирани за да примат луѓе, но сега формираат градски хотел на комплетно опремени простории со мешавина од винтаџ и современ мебел.
Уредување на голем деловен простор. Наградата во оваа категорија ја доби проектот кој вклучуваше транформација на стара напуштена зграда која некогаш служела како продавница за машински делови за подморници во модерен деловен простор. Со овој проект се испраќа порака дека и овие згради можат да бидат корисни и убави ако се внесе малку креативност.
Уредување на мал простор. Наградениот проект вклучуваше претворање на простор од 17.5 метри квадрати во функционален дом. Овој простор некогаш бил студио за пијано а со овој иновативен проект е претворен во мал апартман.
Следетене на