Во Харбин, северниот дел на Кина се одржа и 36тиот по ред фестивал на снегот и ледот, а неговите посетители останаа вчудовидени од убавините кои ги открија. Овој фестивал се одржува секоја годна, на површина од 60 хектари, а годинава беше отворен од 25ти Декември 2019 до 25 Февруари 2020.
Создавањето траело вкупно 15 дена, а на изградата вредно работеле 15.000 работника. Главно е со седиште во Паркот Jaолин, Сончевиот остров и во еден дел од брегот на реката Сонгуа. Скоро 120.000 кубни метри блокови од мраз биле извлечени од замрзнатата површина на реката Сонгуа. Исто така, се направени околу 22.000 кубни метри вештачки снег за создавање на ова ледено село.
За прв пат фестивалот започнал со својата манифестација во 1985 година, па оттогаш па наваму е главна туристичка атракција во зимските денови.
Тематскиот парк е украсен со 21 скулптура кои се рачно работени и резбани од ледени блокови. Организирани се голем број на игри за деца и возрасни, ледени тобогани, стази за трка, а голем дел од скулптурите се осветлени со неонски светла па во нив може и да се влезе. Според анализите овој фестивал привлекува околу 15 милиони посетители, па можеби и Вие ќе бидете еден од нив?
Следетене на